Примена

ВРАТ ПРИМЕР Грунд е акрилна подлога, наменета за импрегнирање и зацврстување на секаков вид малтери, градежни лепила и останати градежни производи со слични својства. Најчесто се користи за зацврстување и подобрување на стабилноста на вграден основен малтер или градежно лепило пред да се нанесе нов слој на основен или украсен малтер, при што не дозволува абсорбирање на вода и брзо сушење на новиот слој.

Подготовка

За економично искористување ВРАТ ПРИМЕР Грунд може слободно да се разреди со вода до 10% од количината на пакувањето и да се измеша, пред вградување.

Вградување

Се нанесува со четка или валјак. Подлогата претходно треба да е тврда, сува и исчистена од прашина и/или неврзан материјал.

Потрошувачка

За импрегнирање на 1м2 површина потрошувачката е од 0,25 до 0,35кг.

Пакување

Пластична канта од 15 и 8 литри.

Складирање

Во суви и проветрени простории во оригинално пакување на температура од +5оС до +35оС. Пакувања со делумно искористен производ можат повторно да се затворат за подоцнежно користење, но не подоцна од крајниот рок на употреба.

Рок на употреба

12 месеци од датата втисната на пакувањето.

Произведува 

ИГМ ВРАТНИЦА АД

1225 Вратница, Република Македонија

Тел: +389 (0)44 451 010

Факс: +389 (0)44 451 041

е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Посетители

Имаме присутни 48 гости и нема членови