Примена

ВРАТ ПЛАСТ е бел еднокомпонентен акрилен украсен малтер (абриб). Наменет е за украсување на внатрешни (ѕидни и тавански) и надворешни (фасадни) површини како завршен слој. Отпорен е на атмосферски влијанија и УВ зрачење, и се одликува со висока цврстина и рамномерност на структурата. Понудата содржи два вида; Руббинг, кој се изведува како зарибан малтер, и Фулл, кој се изведува како полн (рамен) малтер. Секој вид може да се добие во три различни големини на зрно и шара (1,0мм, 1,5мм и 2,0мм), зависно од вкусот и потребите на клиентот. ВРАТ ПЛАСТ може да се нанесе како завршен слој врз сите видови основни градежни површини кои се користат како основни и секундарни слоеви за изведба на фасади и внатрешни простории, вклучувајќи основни малтери, градежни лепила за израмнувачки мрежи и термоизолациони фасади, и останати слични градежни производи.

Подготовка

ВРАТ ПЛАСТ се користи на температури од +5оС до +35оС. Измешајте ја содржината на пакувањето пред нанесување. За обработување поголеми површини се препорачува две или повеќе пакувања да се мешаат во поголем сад за да се добие хомогеност.

Вградување

ВРАТ ПЛАСТ се нанесува со рамна пластична глетарица и се рамни со кружно или праволиниско влечење. Се препорачува користење на ВРАТ ПРИМЕР Грунд ако подлогата е стар/порозен основен малтер и/или сличен материјал. Во случај да подлогата е основен малтер кој е изразито нерамен и/или оштетен, пред нанесување на ВРАТ ПЛАСТ се препорачува подлогата да се пополни и израмни со СПЕКТРОкол Басиц и да се зацврсти со ВРАТ ПРИМЕР Грунд.

Потрошувачка

Според гранулација:
2,0мм = 4кг/м2
1,5мм = 3кг/м2
1,0мм = 2кг/м2
Потрошувачката може да биде поголема или помала зависно од губитоци што се појавуваат при подготовка и вградување.

Пакување

Пластична канта од 25кг.

Складирање

Во суви и проветрени простории во оригинално пакување на температура од +5оС до +35оС. Пакувања со делумно искористен производ можат повторно да се затворат за подоцнежно користење, но не подоцна од крајниот рок на употреба.

Рок на употреба

12 месеци од датата втисната на пакувањето.

Произведува:

ИГМ ВРАТНИЦА АД

1225 Вратница, Република Македонија

Тел: +389 (0)44 451 010

Факс: +389 (0)44 451 041

е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Посетители

Имаме присутни 14 гости и нема членови