Примена

Саморазливна смеса на база на цемент наменета за израмнување на бетонски подни површини и цементни кошулки пред поставување ламинат, паркет, теписон, линолеум, ПВЦ плочки и останати подни украсни градежни материјали.

Подготовка

VRAT LEVEL G се користи на температури од +5оС до +35оС. Се меша со вода во однос 3:1 и се остава да одлежи 5 до 10 минути а потоа повторно се меша и е подготвена за користење.

Вградување

VRAT LEVEL G е саморазливна и ги пополнува сите нерамнини на подлогата. Во случај да порамнувањето со еден слој не е доволно, по 24 часа од вградувањето на првиот слој може да се излее втор слој. Се препорачува користење на ВРАТ ПРИМЕР Контакт ако подлогата е од бетон. Во случај да подлогата е изразито нерамна и/или оштетена, пред нанесување на VRAT LEVEL G се препорачува подлогата да се пополни и израмни со СПЕКТРОкол Басиц.

Потрошувачка 

2-3кг/м2 за слој со дебелина од 3мм до 5мм.

Пакување

Натрон вреЌа од 25кг.

Складирање 

Во суви и проветрени простории во оригинално пакување на температура од +5оС до +35оС.

Рок на употреба 

12 месеци од датата втисната на пакувањето.

Произведува 

ИГМ ВРАТНИЦА АД

1225 Вратница, Република Македонија

Тел: +389 (0)44 451 010

Факс: +389 (0)44 451 041

е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.