Примена

SPEKTROpol Standard е акрилна водено-полудисперзна боја, составена од одбрани адитиви и полнила, наменета за бојадисување и украсување на ѕидни и тавански внатрешни површини.

Подготовка

За економично искористување SPEKTROpol Standard може слободно да се разреди со вода до 10% од количината на пакувањето и да се измеша. За вградување на поголеми површини, кога се потребни две или повеќе пакувања, се препорачува сите пакувања да се измешаат во поголем сад за да се добие хомогеност.

Вградување

Се нанесува со четка или валјак. Почекајте 2-3 часа за да нанесете втор слој. Подлогата претходно треба да е тврда, сува и исчистена од прашина и/или неврзан материјал. Се препорачува подлогата претходно да се обработи со VRAT PRIMER Tiff во случај да е порозна или стара градба.

Потрошувачка

Со 1 литар SPEKTROpol Standard можете да покриете 5-6м2 ѕидна и/или таванска површина.

Пакување

Пластична канта од 15, 6 и 3,5 литри.

Складирање

Во суви и проветрени простории во оригинално пакување на температура од +5оС до +35оС. Пакувања со делумно искористен производ можат повторно да се затворат за подоцнежно користење, но не подоцна од крајниот рок на употреба.

Рок на употреба

12 месеци од датата втисната на пакувањето.

Произведува:

ИГМ ВРАТНИЦА АД

1225 Вратница, Република Македонија

Тел: +389 (0)44 451 010

Факс: +389 (0)44 451 041

е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Посетители

Имаме присутни 50 гости и нема членови