Примена

Бело еднокомпонентно водоотпорно прашкасто градежно лепило на база на цемент, минерални полнила и адитиви. Наменето е за внатрешно и надворешно вградување на керамички и порцелански плочки со мозаични, мали и средни димензии на ѕид и под, тераси, тремови и балкони, дворни патеки, фасади до втор кат, во простории подложни на влага и зголемено оптоварување, како на пример ресторани, мензи, работилници, подруми, итн.

Подготовка

SPEKTROkol Extra се користи на температури од +5оС до +35оС. Подлогата и плочките на која се нанесува мора да бидат рамни, цврсти, чисти и навлажнети со вода пред нанесување на лепилото. Се меша машински или рачно со вода во однос 3:1, со остава да одлежи 10 до 20 минути а потоа уште еднаш добро се меша и е подготвено за користење.

Вградување

SPEKTROkol Extra се нанесува со челична рамна или назабена глетарица. Искористете ја подготвената смеса во рок од 4 часа. Се препорачува користење на VRAT PRIMER Grund ако подлогата е стар/порозен малтер или VRAT PRIMER Kontakt ако подлогата е бетон. Во случај да подлогата е изразито нерамна и/или оштетена, пред нанесување на SPEKTROpol Standard се препорачува подлогата да се пополни и израмни со SPEKTROkol Basic.

Потрошувачка

3-5кг/м2 зависно од видот на подлогата.

Пакување

Натрон вреќа од 25кг.

Складирање

Во суви и проветрени простории во оригинално пакување на температура од +5оС до +35оС.

Рок на употреба

12 месеци од датата втисната на пакувањето.

Произведува

ИГМ ВРАТНИЦА АД

1225 Вратница, Република Македонија

Тел: +389 (0)44 451 010

Факс: +389 (0)44 451 041

е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Посетители

Имаме присутни 12 гости и нема членови